Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“

Здружение на информатичарите на Македонија

Обука: НАСТАВА НАСОЧЕНА КОН ПОСТИГНУВАЊЕ РЕЗУЛТАТИ ОД УЧЕЊЕ ОД ПОВИСОКО НИВО

Во рамките на проектот за обука за професионално усовршување на воспитно-образовниот кадар (наставниците и стручни соработници) во основните училишта во Република Северна Македонија, како група понудувачи (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје и Здружение на информатичарите на Македонија, Скопје ) со договор бр. 10-1540/3  бевме акредитирани за програма бр. 16 „Настава насочена кон постигнување на резултати од учење од повисоко ниво“.

Обуките беа спроведени според предвидената и најавената динамика за спроведување на обуките.

Обуката се спроведуваше со почеток од 8:30 часот, или од 9:00 часот. Агендата на обуката од 8:30 е дадена во продолжение. Агендата за обуката од 9:00 е иста, со соодветно поместени термини за 30 минути.

 

8:30 – 8:45

Вовед во обуката

Функционалниот карактер на знаењата

8:45 – 9:45

·        Функционалност на знаењата

·        Концептуална рамка функцио­нал­на писменост

Функционален курикулум

9:45 – 10:45

·        Индикатори на функционална писменост

·        Функционалност на наставните програми (работа во групи)

·        Презентации од страна на учесниците

10:45 – 11:00

Кафе пауза

11:00 – 12:00

·        Функционалните знаења во меѓународните студии

Анализа на модели за оценување

12:00 – 13:30

·        Kомпаративна анализа на модели за оценување (работа во групи)

·        Презентации од страна на учесниците

13:30 – 14:00

Пауза за ручек

Функционалната писменост во практиката

14:00 – 15:30

·        Подрачја на промени

·        Методски мо­де­ли за стек­ну­ва­ње функ­цио­нал­ни знаења (презентација)

·        Функционалната писменост во нас­тав­ната практика (работа во групи)

·        Презентации на методски модели од страна на учесниците

15:30 – 15:45

Кафе пауза

Оценувањето на постигањата на учениците

15:45 – 17:00

·        Функционалните знаења и оцену­ва­њето (презентација)

·        Функционалните знаења и оцену­ва­њето на пости­га­њата на уче­ни­ци­те (работа во групи)

·        Презентации на инструментите од страна на учесниците

17:00 – 17:30

Заклучни сог­ле­дувања и евалу­а­ција на обуката

Код на групата Место на организација Град Општина
G10 Педагошки факултет Скопје Карпош
G11 Педагошки факултет Скопје Карпош
G1 ООУ „Александар Македонски“ Скопје Аеродром
G2 ООУ „Димитар Македонски“ Скопје Аеродром
G3 ООУ „Димитар Македонски“ Скопје Аеродром
G12 Педагошки факултет Скопје Карпош
G4 ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Скопје Аеродром
G5 ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Скопје Аеродром
G13 Педагошки факултет Скопје Карпош
G8 ООУ „Мирче Ацев“ Скопје Ѓ. Петров
G9 ООУ „Мирче Ацев“ Скопје Ѓ. Петров
G6 ООУ „Гоце Делчев“ Скопје Аеродром
G7 ООУ „Гоце Делчев“ Скопје Аеродром
G14 ООУ „Кирил и Методиј“ Гевгелија Богданци
G15 ООУ „Гоце Делчев“ Кавадарци  
G16 ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци  
GA17 Педагошки факултет Скопје Карпош
GA18 ООУ „Кирил и Методиј“ Тетово  
GD19 ООУ „Лазо Ангеловски“ Скопје Аеродром
GD20 ООУ „Лазо Ангеловски“ Скопје Аеродром

Јазикот за реализација на обуките во табелата е македонски јазик, освен за групите GA17 и GA18. Во овие две групи реализацијата е на албански јазик.

Според предвидената динамика, просечен број на поканети слушатели по група беше 26,5, обуката е реализирана во 20 групи, со просечен број на слушатели од 22,3, при што најмалата група броела 2, а најбројната 30 слушатели.

Збирно, на обуките беа поканети сите пријавени учесници, согласно со доставениот список и податоци од БРО, при што секој учесник беше лично поканет на доставената од БРО е-адреса, и секое училиште беше известено со допис на училишната е-адреса за претстојна обука со листа на учесници од нивното училиште.

Од сите пријавени и поканети учесници, обуките ги проследија вкупно 84% од нив.

Обучувачите кои ја спроведоа обуката се дадени во листата подолу. Вкупно беа ангажирани 11 обучувачи, претежно искусни професори од Педагошкиот факултет во Скопје, и двајца предавачи од редот на наставниците за кои беше организирана и обука за обучувачи.

Код на група

Предавач

G10

проф. д-р Весна Макашевска

G11

доц. д-р Анита Штерјоска Митреска

G1

доц. д-р Анита Штерјоска Митреска

G2

проф. д-р Татајана Котева Мојсовска

G3

проф. д-р Весна Макашевска

G12

доц. д-р Анита Штерјоска Митреска

G4

проф. д-р  Розалина Попова – Коскарова

G5

проф. д-р Билјана Камчевска

G13

проф. д-р Весна Макашевска

G8

проф. д-р Сузана Никодиновска Банчотовска

G9

доц. д-р Анита Штерјоска Митреска

G6

проф. д-р Мариета Петрова

G7

Весна Тодоровска Унковска

G14

Горица Ѓорѓиева Мицева

G15

Горица Ѓорѓиева Мицева

G16

Горица Ѓорѓиева Мицева

GA17

проф. д-р Љуљзим Адеми

GA18

доц. д-р Мујасер Иљази

GD19

доц. д-р Анита Штерјоска Митреска

GD20

доц. д-р Анита Штерјоска Митреска

Обуките беа спроведени според предвидената и најавената динамика за спроведување, а три од обуките беа мониторирани во целост од претставници на БРО.

На крај на секоја обука беше спроведена евалуација за содржините на обуката, за предавачот, за логистиката на обуката (информирање, кафе паузи, ручек).

За содржината на обуката беа поставени 7 тврдења со можност за избор на следните формулации:

  1. Воопшто не се согласувам
  2. Не се согласувам
  3. Ниту се согласувам, ниту не се согласувам
  4. Се согласувам
  5. Во целост се согласувам

 Како генерален заклучок, ако се разгледаат првите 6 тврдења, може да се констатира дека околу 90% од слушателите обуката ја оцениле како квалитетна и добро конципирана, соодветна на нивните потреби.

За оценка на обучувачот беа поставени 4 тврдења со можност за избор на следните формулации:

  1. Воопшто не се согласувам
  2. Не се согласувам
  3. Ниту се согласувам, ниту не се согласувам
  4. Се согласувам
  5. Во целост се согласувам

Огромен процент, т.е. околу 97% од наставниците се согласни со афирмативните тврдења и се задоволни од предавачите, а само помалку од 1% искажале несогласување со одредени тврдења.

Дополнително, беше побарана и генерална оценка за наставникот, со избор од 1 до 5. Средната постигната оценка за обучувачите е 4,83, при што ниедна оценка 1, само една оценка 2 и 12 оценки 3 од сите слушатели.

 

 

За организацијата на обуката беа побарани оценки (од 1 до 5) за квалитетот на кафе паузите, на ручекот и на тековното информирање за обуките.

Според резултатите, квалитетот на кафе паузите е оценет со 4,74 (од 5)

Според резултатите, квалитетот на ручекот е оценет со 4,58 (од 5)

Според резултатите, квалитетот на тековното информирање во врска со обуката е оценет со 4,72 (од 5)

Од ова може да заклучиме дека и логистичкиот аспект на обуката бил перцепиран дека е организиран на завидно ниво и можеме да бидеме задоволни од заокружената оценка 5.

На крај, беше поставено прашање за генерална оценка на комплетната обука (од 1 до 5 односно: слабо, доволно, добро, многу добро и одлично ). Според резултатите, просечно добиената оценка е 4,53 со тоа што никој не ја оценил обуката со 1 (слабо), а само 8 учесници ја оцениле со 2 (доволно).

Активностите за организирање и реализација на обуките беа реализирани од страна на група обучувачи коишто најнапред разработија материјали за потребите  на обуката, ги прецизираа обврските и задолженијата, а потоа пристапија кој реализација на обуките коишто се реализираа на повеќе локации во земјата. Самоевалуацијата од страна на обучувачите може да се резимира во следното:

„Обуките беа реализирани со групи од мешан состав – одделенски и предметни наставници, со што се обезбедија предуслови за воочување на значењето, но и на диференцијацијата на приодите за постигнување на повисоки резултати од учење на различни образовни рамништа. Тоа беше одлична можност да се погледне развојната димензија на учењето, наставата и резултатите од учење во контекст на методските модели што беа презентирани за време на обуката.

Во текот на целата обука учесниците (наставниците) беа ставени во позиција на активен учесник, кој по пат на примена, анализа и евалуација на одредени содржини самиот го конструира своето знаење и развива иницијални вештини за реализација на поефикасна настава насочена кон повисоки образовни резултати.

Забележителен елемент на обуките беше големиот интерес на учесниците кон темата на обуката и чувството на одговорност кон целокупниот образовен процес. Тоа резултираше со плодни дискусии, изработка на методски модели и презентација на интерактивни пристапи за примена на холистички пристапи во одделенската и предметната настава.

Од прикажаниот интерес и оформените материјали, генерален заклучок е дека обуката ги оправда очекувањата на наставниците и овозможи отпочнување на нов процес на унапредување на наставната практика во духот на современите меѓународни образовни процеси.

Врз основа на кажаното, обучувачите констатираат дека обуките поминаа во солидна, креативна и плодна атмосфера во која беа реализирани поставените цели.

Според нив, нивните заложби обезбедија позитивни искуства во доменот на поставување на платформа за реорганизација на наставата којашто ќе резултира со подигнување на нивото на функционалната писменост на нашите ученици.

Обуките беа спроведени според предвидената и најавената динамика за спроведување.

Забележавме дека мал дел од наставниците имаа променето работна позиција (од едно училиште во друго). Исто така, во доставениот список од БРО кај мал дел наставници имаше техничка грешка во името на училиштето (според тврдење на наставниците), кај еден наставник беше погрешно означен јазикот на кој треба да ја следи обуката, а пар наставници тврдеа дека по грешка се наоѓаат на списокот и дека при изборот на обуката (пријавувањето) е направена грешка.

Сепак, во период на учебната година, кога има настава, мора да се размисли да се дозволи одредена флексибилност за посетување на обуката во друг термин (доколку тоа го дозволува распоредот на обуки на понудувачот), со цел да се излезе во пресрет на наставниците кои во терминот предвиден за нивна обука се на боледување или можеби имаат некои наставни активности (како патување на размена во странство).

Исто така, и ние ја делиме оценката која ја дадоа наставниците дека обуките треба да се спроведуваат во периоди кога нема настава, а наставниците може да ги користат деновите предвидени за професионален развој за да посетат обука, без да им се зема слободен ден од викендот. Бидејќи бевме приморани нашите обуки да ги одржиме во сабота (заради тоа што се работеше за целодневна обука и не треба со обуката да се нарушува редовниот наставен процес) предлагаме БРО и МОН да укажат на директорите на соодветните училишта дека наставниците кои следеа обука во сабота имаат право на еден слободен ден во јануари (од деновите предвидени за професионален развој).

Контакт/Прашања
Сите наставници кои ја следеа обуката преку оваа форма може да постават прашање или да побараат консултација во врска со следење на ефектите од обуката.