На 26.10.2009 е пуштен новиот сајт на ЗИМ. Покрај промените кои се воведени во организацијата на информациите и дизајнот на сајтот, овој сајт ќе овозможи полесно и поажурно поставување на информации, како и полесно користење на останатите сервиси за ЗИМ, преку единствено логирање.
Членовите на ЗИМ може да ги користат веќе постоечките кориснички имиња, доделени за користење на moodle системот. Сo логирање на овој сајт директно сте логирани на moodle. Членовите на ЗИМ ќе имаат можност да си ги ажурираат податоците од својот профил и да ги гледаат профилите на останатите членови.
Набрзо треба да бидат ажурирани податоците во сите делови на сајтот.





