swMenuFree

Дејност

Активности

Граѓаните се здружуваат во Здружение на информатичарите на Македонија заради вршење дејности и активности со цел за негување, популаризација и унапредување на информатиката и нејзината примена, подобрување на својот статус и статусот на информатиката во општеството, како и задоволување на потребите од стручни лица и стручна помош во институциите и организациите во државата.

Цели и Задачи

Граѓаните се здружени во Здружението на информатичарите на Македонија заради остварување на поширок заеднички интерес, а како посебни цели и задачи се:

  • да ја поттикнува примената на информатиката во сите области во општеството;
  • да ги брани правата и интересите на своите членови и да се залага за решавање на нивните проблеми;
    да го унапредува стручното знаење на членовите преку стручни собири, предавања и дискусии на одредена тема;
  • да врши едукативни дејности преку организирање семинари, курсеви, симпозиуми, обуки и издавање стручни публикации;
  • да организира, спроведува и учествува на натпревари по информатика за ученици и студенти;
  • да организира информатички школи и кампови;
  • да организира тематски конференции за унапредување на наставата по информатика во училиштата, како наставни планови и програми, учебници и друго;
  • да ја поттикнува примената на информатиката во наставата по другите предмети во училиштата и факултетите;
  • да ја збогатува стручната литература по информатика со издавање на стручно-научни и стручно-методски публикации;
  • да изготвува стандарди и критериуми и дава препораки за вреднување на информатичкиот труд и знаење;
  • да покренува иницијативи и дава сугестии за решавање на конкретни проблеми поврзани со информатиката и нејзината примена;
  • да соработува со владини институции, стопански организации и други здруженија во спроведување на целите и задачите на здружението;

Здружението ги извршува своите задачи преку своите органи и тела, во согласност со овој Статут, правилниците, одлуките и други акти.
Работата на Здружението е организирана во 3 Сектори: И-образование, И-индустрија и И-подмладок.

© 2009-2017 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.