Новости
Информација во врска со Државниот натпревар 2020
Заради актуелната ситуација предизвикана од мерките за справување со Covid-19 натпреварот беше одложен. И покрај барањето од ЗИМ до МОН, Владата и Комисијата за заразни болести доставено во мај за одобрување на протокол за спроведување на државниот натпревар, до почетокот на август не добивме одговор на барањето.
Затоа, ЗИМ донесе одлука да ги земе предвид резултатите од регионалниот натпревар (кој беше единствениот регуларно спроведен натпревар) како основа за утврдување на постигнувањата на учениците пласирани на државниот натпревар. Сите ученици, со одлуката имаат освоено соодветни награди како и на регионалниот натпревар усогласени со правилникот за организација на државни натпревари на МОН.
Одложување на Државниот натпревар 2020
Заради актуелната ситуација предизвикана од мерките за справување со Covid-19, Државниот натпревар е одложен. Новиот датум ќе биде утврден по ублажувањето на мерките.
Учениците кои имаат амбиција да учествуваат на Македонската олимпијада по информатика со цел да влезат во тимовите за интернационалните натпревари, ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да учествуваат на следната серија од натпревари во периодот 20ти-23ти март.
Регионален натпревар 2020
XXVIII Регионален натпревар по информатика се одржа на 7 март 2020 година, во четири региона: Скопје, Струга, Струмица и Кавадарци.
Повеќе информации за натпреварот можете да најдете овде.
Повеќе артикли...
- Почеток на циклусот натпревари за 2020-та
- Годишно собрание на ЗИМ 2019
- Дабар 2019
- XXVII Балканска Олимпијада по Информатика (БОИ 2019)
- Три медали за Македонија на БОИ 2019
- III Европска Јуниорска Олимпијада по Информатика (ЕЈОИ 2019)
- Сребрен медал на ЈБОИ 2019 и бронзен медал на ЕЈОИ 2019
- ИОИ 2019 во Баку, Азербејџан
- Нов голем успех на ИОИ 2019
- МГ Куп 2019