swMenuFree

Новости

XVIII Македонска Олимпијада по Информатика

На 25.04.2014 и 26.04.2014 во просториите на ФИНКИ се одржа XVIII Македонска Олимпијада по Информатика. Повеќе за натпреварот можете да прочитате овде.

Циклус натпревари по информатика 2014

И оваа година, Здружението на информатичарите на Македонија, по дваесет и петти пат организира циклус натпревари по информатика.

Во првиот дел од циклусот, подготовките (до 28.02.2014), натпреварувачите ќе бидат рангирани според бројот на решени задачи од тренинг делот на МЕНДО. Секоја решена задача носи по 1 поен (без разлика кога таа била решена, после колку обиди, итн). Од овој дел, натпреварувачите можат да освојат најмногу 20 поени.

Право на учество на регионалниот натпревар ќе имаат сите натпреварувачи кои имаат решено најмалку 10 (десет) задачи од тренинг делот на системот и се пријавени од нивниот ментор или друг претставник од училиштето во кое учат. Пријавувањето на учесници се врши со порака на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со наведување на листа на учесници од училиштето (име, презиме, одделение/клас, група во која се натпреварува, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и контакт телефон до одговорниот професор. Истото мора да е направено најдоцна до вторник (25.02.2014).

Важно: Прочитајте ги правилата "Натпревари по информатика 2014", како и прелиминарните информации за регионалниот натпревар. Забележете дека, од оваа година, можност за учество на државен натпревар ќе се стекнува на ниво на училиште.

Започнува курс за програмирање

Набрзо започнува курс за програмирање во Семос едукација. Ова е онлајн можност за подготовка за претстојните натпревари. Повеќе информации тука. 

© 2009-2020 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.