swMenuFree

Новости

Интернационална Олимпијада по Информатика 2013

Од 06.07. до 13.07. во Бризбејн, Австралија, се одржа 25-тата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ).

Повеќе...

Избор на екипи за интернационалните натпревари

Во Понеделник (22.04.2013) беше организиран дополнителен изборен натпревар, со цел - избор на екипите што ќе ја претставуваат Македонија на годинешните интернационални натпревари (Интернационалната Олимпијада по Информатика, Балканската Олимпијада по Информатика и Јуниорската Балканска Олимпијада по Информатика).

Натпреварот се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет (долна зграда - приземје), со почеток во 14 часот, и траеше 4 часа.

На овој натпревар учествуваа дванаесетте најдобропласирани натпреварувачи од претходно одржаната XVII Македонска Олимпијада по Информатика.

Екипи за интернационалните натпревари

Објавена е конечна листа по одржувањето на сите натпревари од Циклусот натпревари по информатика 2013. Во неа се наведени избраните ученици за учество на интернационалните натпревари оваа година.

Избраните учесници мора да го потврдат своето учество најдоцна до Четврток (25.04.), според објавената информација во делот за меѓународни натпревари.
© 2009-2019 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.