swMenuFree

МГ Куп 2019

Учество на МГ купот 2019 во Белград, Србија

 
Годинава, по седми пат, Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) со свој тим учествуваше на МГ Купот, кој се одржа во периодот 24.06.2019 – 29.06.2019 во Белград, Србија. Тимот кој учествуваше на овој меѓународен натпревар во конкуренција до 16 години го сочинуваа натпреварувачите Тео Китановски, Иван Занов, Стефан Милков, Иван Јованоски, Сара Стефановска и Атина Рувинова, предводени од лидерот, Владислав Бидиков.

Учествувајќи на овој натпревар, ЗИМ продолжува со подготвувањето на нашите најдобри ученици во областа на програмирањето, за што подобар успех на претстојните интернационални олимпијади: Интернационалната олимпијада по информатика во Баку, Азербејџан, на почетокот на август, Европската јуниорска олимпијада по информатика во Марибор, Словенија, кон крајот на август, како и Балканската олимпијада по информатика во Атина, Грција, во првата половина на септември.

 

Повеќе информации за МГ Купот 2019: http://www.cup.mg.edu.rs

Учествувајќи на овој натпревар, ЗИМ продолжува со подготвувањето на нашите најдобри ученици во областа на програмирањето, за што подобар успех на претстојните: Балканската олимпијада по информатика во Кишињев, Молдавија, на почетокот на јули, Интернационалната олимпијада по информатика во Техеран, Иран, на почетокот на август, како и Европската јуниорска олимпијада по информатика во Софија, Бугарија, во септември.
© 2009-2019 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.