swMenuFree

МГ Куп 2017

Три сребрени и три бронзени медали за македонските јуниорски информатичари на МГ купот во Белград

 
Годинава, по петти пат, Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) со две екипи учествува на МГ Купот, кој се одржува во периодот 26.06.2017 – 01.07.2017 во Белград, Србија. Од осум македонски јуниорски натпреварувачи, на возраст до 16 години, шестмина се враќаат со освоени медали. Притоа, Андреј Величковски од Куманово, Јосиф Тепеѓозов од Скопје и Благојче Павлески од Прилеп освоија сребрени медали, а Кристина Тасева и Даријан Шекеров од Скопје, како и Благојче Овезоски од Прилеп, со бронзени медали.
 
Успехот на овој натпревар е од големо значење за Македонија и за Здружението на информатичарите, затоа што првиот македонски тим на натпреварувањето по информатика се пласираше на 3-то место во вкупен пласман, веднаш зад два тима од Романија, надминувајќи ги резултатски тимовите од Бугарија, Србија, Русија, Германија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора. МГ купот е престижен натпревар во информатика, математика и физика, на кој годинава учествуваат 30 тимови, односно 120 натпреварувачи од 13 земји од светот.
 
Учествувајќи на овој натпревар, ЗИМ продолжува со подготвувањето на нашите најдобри ученици во областа на програмирањето, за што подобар успех на претстојните: Балканската олимпијада по информатика во Кишињев, Молдавија, на почетокот на јули, Интернационалната олимпијада по информатика во Техеран, Иран, на почетокот на август, како и Европската јуниорска олимпијада по информатика во Софија, Бугарија, во септември. Годинава подготовките ги подржуваат и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Семос едукација и Сорсикс, а како поддржувачи за патувањата покрај Агенцијата за млади и спорт на Македонија, МИОА, се јавуваат и општествено одговорните Фондација Телеком за Македонија и Докстеам. Системот за подготовка за натпреварите mendo.mk, креиран од Здружението, е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи.

 

Веб страна за МГ Купот 2017: http://www.cup.mg.edu.rs

Соопштение до медиуми за МГ Куп 2017
© 2009-2017 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.