swMenuFree

Средно образование - Приговори

Приговори

По објавувањето на прелиминарните резултати од одреден натпревар, натпреварувачите преку нивните ментори можат да поднесат приговор на резултатите. Приговорите се разгледуваат од страна на комисијата за натпревари, која во своето одлучување по одреден приговор, пред се, се води од правилата за приговори (жалби) на Интернационалната Олимпијада по информатика (IOI Rules - Appeal Process). Сите учесници кои ќе имаат направено грешка во однос на правилата објавени на почетната страна на системот и на веб-сајтот на ЗИМ, нема да може да приговараат за реевалуација на задачите и слично. Накратко, приговорите не смее да се однесуваат на какви било поправки во предадениот код на натпреварувачот, со кои евентуално би работела програмата.

© 2009-2017 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.