swMenuFree

Регионален натпревар

XIX Регионален натпревар 06.05.2011 (за почетничка група и олимписка група во основно образование)

Почитувани натпреварувачи,

РЕГИОНАЛНИОТ натпревар по информатика за учесниците од почетничка група ќе се одвива електронски. Заради тоа, потребно е да го направите следното:

На 06 мај 2011 година, Вие треба да си обезбедите „работно место“ во периодот од 9:45 часот до 13:45 часот. Значи, треба да имате компјутер на кој е инсталирана програмската алатка во која ќе работите и кој има пристап до интернет. Доколку е тоа потребно, организирајте се со вашиот ментор да ви овозможи учество на регионалниот натпревар од вашето училиште. Можете да се натпреварувате и од дома.

Натпреварот ќе се спроведе преку системот за електронски натпревари. Учесници може да бидат сите оние кои испратиле решение на барем една задача на барем еден од претходните електронски натпревари, без разлика колку поени освоиле досега.

За сите учесници натпреварот започнува во 10:00 и трае до 13:30 часот – значи вкупно 3,5 часа. За време на првите 100 минути од натпреварот (до 11:40) можете да поставувате прашања. Прашањата ќе бидат одговорени најдоцна до 12:15. Се очекува резултатите да бидат објавени најдоцна 4 часа по завршувањето на натпреварот.

Доколку имате забелешки на резултатите, може вашите приговори преку вашите ментори да ги доставите во рок од 24 часа по објавувањето на резултатите, со ТОЧНО прецизирано образложение каде мислите дека има проблем. Приговорите се поднесуваат на ист начин како и за електронските натпревари, значи преку делот за поставување на прашања.

Сите учесници кои ќе имаат направено грешка во однос на правилата објавени на почетната страна на системот и на веб-сајтот на ЗИМ, нема да може да приговараат за реевалуација на задачите и слично.

Приговорите ќе бидат разгледани во рок од 3 ДЕНА и потоа ќе бидат објавени конечните резултати од Регионалниот натпревар и списокот на потенцијалните натпреварувачи за ДРЖАВНИОТ натпревар.

Значајни ПРАВИЛА:

  • Натпреварот ќе се одржи на 06. Мај во периодот 10:00 - 13:30 часот.
  • Прашања во врска со задачите се примаат првите 100 минути од натпреварот.
  • Задачите се решаваат САМОСТОЈНО, не во група! Доколку има идентични решенија (според критериумите на комисијата), се одбиваат сите такви решенија, а ќе биде доведено во прашање и понатамошното учество на натпреварите на натпреварувачите со такви решенија.
  • Сметајте дека натпреварот завршува барем 5 минути пред официјалниот крај за да сте сигурни дека ќе можете да ги поставите решенијата на вашите задачи. Само решенијата кои се испратени и прифатени од страна на електронскиот систем ќе бидат оценувани.
  • Конечните резултати ќе бидат објавени не подоцна од 10.05.2011.
  • При изборот на учесници на државниот натпревар ќе биде запазен и регионалниот принцип, со ограничување на бројот на учесници од дадено училиште, место и даден регион.
  • Организаторите го задржуваат правото во случај на ученици со ист број на поени од дадено училиште, по случаен избор да изберат еден натпреварувач од нив за учество на државниот натпревар.


Резултатите од натпреварот треба да го отсликуваат Вашето знаење. Затоа решенијата кои ќе ги предадете нека бидат ваши. На државниот натпревар ќе се пласираат само учениците за кои ќе бидеме сигурни дека доставиле нивни решенија на задачите.

Ви посакуваме успех на натпреварот!


Скопје, 30.04.2011

Комисија за натпревари по информатика 2011


Конечни резултати од регионалниот натпревар

Резултатите од регионалниот натпревар може да се најдат на следниот линк.

Поканети учесници на државниот натпревар

На државниот натпревар се поканети учениците кои учествувале на регионалниот натпревар, се најмногу во втора година средно училиште (според правилото за учество во почетничка група) заклучно со реден број 46 од сумарната табела.

Заради забележани исти кодови, при пријавата од менторот од следните училишта, истиот ќе биде известен за изборот на ученици од неговото училиште (без разлика дека се меѓу првите 46 според табелата): СУ „Раде Јовчевски - Корчагин“, ПСУ "Алгоритам" - Скопје, ПСУ "Јахја Кемал" - Скопје, ПСУ "Јахја Кемал" - Струга и ПСУ "Јахја Кемал" - Струмица.
Ним им препорачуваме што побрзо да ја поднесат пријавата (види дел - Државен натпревар).

© 2009-2017 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.