swMenuFree

Информации за регионални натпревари

 

  • Право на учество на регионалниот натпревар имаат сите натпреварувачи кои имаат решено најмалку 10 (десет) задачи од тренинг делот на системот и се пријавени од нивниот ментор или друг претставник од училиштето во кое учат.
  • Пријавувањето на учесници се врши со порака на natprevarATcs.org.mk со наведување на листа на учесници од училиштето (име, презиме, одделение/клас, група во која се натпреварува, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и контакт телефон до одговорниот професор. Истото мора да е направено најдоцна до вторник (25.02.2014).
  • Регионалниот натпревар се спроведува електронски, преку системот за натпревари - http://mendo.mk/. Училиштата од кои има пријавено повеќе од двајца ученици СЕ ДОЛЖНИ, во предвиденото време за спроведување на натпреварот да обезбедат просторија со работни компјутери (кои не споделуваат исти хард дискови), два пати повеќе од бројот на пријавени учесници. На компјутерите треба да се инсталирани предложените програмски околини за Pascal и C++ и треба да имаат достап САМО до сајтот за натпревари mendo.mk.
  • По добиените пријави ќе биде направен распоред за спроведување на натпреварот по училишта и истиот ќе биде објавен најдоцна 24 часа пред започнувањето на натпреварот.
  • Регионалниот натпревар се спроведува во три натпреварувачки групи: почетничка, основна и напредна.
  • Приговорите се поднесуваат во рок од 24 часа од објавувањето на резултатите, по електронска пошта, на адресата: natprevarATcs.org.mk, повторно од лицето кое го пријавило соодветниот учесник. Пред поднесување на приговор задолжително прочитајте го делот за Приговори во правилата на натпреварите.
  • Конечните резултати од регионалниот натпревар се објавуваат најдоцна 7 дена од завршувањето на рокот за поднесување на приговори. Притоа, комисијата наведува за секоја група кој натпреварувач каква диплома/признание има освоено. И освоените дипломи/признанија ќе бидат презентирани во електронски облик.


  • ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕНТОРИТЕ: 
    • Можност за учество на државен натпревар ќе се стекнува на ниво на училиште. Секое училиште ќе може да испрати толку натпреварувачи колку што имааат освоено награди минатата година во соодветната натпреварувачка група (значи, ако минатата година 7 ученици од училиштето Х имале освоено диплома за прва, втора или трета награда, толку ученици според бројот на поени ќе добијат можност за учество годинава). 
    • Дополнително, секое училиште ќе може да испрати по 1 до 3 натпреварувачи, во зависност од одлуката на комисијата за натпревари за секое училиште индивидуално (во зависност од останатите расположиви места и запазување на регионалниот принцип).
    • Утврдено заедничко решавање на задачи или (скоро) идентични кодови може да влијае на дисквалификација на цело училиште или намалување на квотата.
© 2009-2019 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.