swMenuFree

Прелиминарни информации за регионален натпревар 2017

Почитувани ученици и ментори,

Регионалниот натпревар годинава ќе се одржи на 04.03. со почеток во 12:00 часот. Истиот ќе се одржи во неколку региони.

Распоредот кој ученик во кој регион се натпреварува ќе биде даден во објавена листа на учесници. Сите информации околу учеството ќе бидат доставени и до менторите, на нивните е-адреси, преку кои го имаат извршено пријавувањето на учениците.

 

ВАЖНИ информации

  • Сите натпревари во рамките на овогодишниот циклус натпревари по информатика (регионален, државен, македонска олимпијада) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mk. За да може да учествувате, неопходно е да си креирате кориснички пристап на МЕНДО.
  • Според правилникот за натпревари: „Учеството на регионалниот натпревар го пријавува училиштето за секој ученик. Секое училиште има утврдена квота за учество - број на учесници n (= a + b). Бројот a се утврдува од комисијата за натпревари во зависност од техничките можности за актуелната година и може да изнесува помеѓу 1 и 5. Бројот b се утврдува индивидуално за секое училиште - тоа е бројот на освоени места на државниот натпревар во претходниот циклус на натпревари. Секое училиште е должно да спроведе транспарентна процедура за избор на соодветниот број натпреварувачи.
  • Годинава, секое средно училиште може да учествува со 3 натпреварувачи (а=3), а секое основно училиште со 2 (а=2). Бројот b  за училиштата, пресметан според минатогодинешните резултати е даден во листата подолу.
  • Училиштата домаќини имаат право на најмногу 3 дополнителни натпреварувачи. Изразување интерес на одредено училиште да биде домаќин се врши од страна на одговорен професор на natprevarATcs.org.mk најдоцна до 20.02.
  • Пријавувањето на учесници годинава се врши со пополнување на следната форма за секој учесник од училиштето (се пополнуваат име, презиме, одделение/клас, корисничко име кое го користи на МЕНДО) и име, е-адреса и контакт телефон до одговорниот професор. Истото мора да е направено најдоцна до петок (24.02.2017) до 16:00.
  • Од годинава, согласно со утврдените тенденции од минатите години и насоките на ИОИ, програмски јазик кој може да го користат учесниците е С++.

  • Во среда (22.02.) со почеток од 17 часот ќе биде одржан т.н. училишен натпревар. Истиот има цел да им овозможи на натпреварувачите да вежбаат и не е задолжителен, не е елиминационен и за истиот нема да се објави ранг листа со резултати. Резултатите ќе бидат видливи само за учесниците, и за менторите (по училиште) на нивно барање. Ги советуваме менторите во чии училишта има повеќе заинтересирани ученици за учество на регионалниот натпревар од доделената квота, да го искористат овој натпревар за да изберат кои точно ученици ќе ги пријават на регионалниот натпревар. Напоменуваме дека тоа не е обврска, резултатите од натпреварот не се обврзувачки, и одговорноста за пријавување е оставена на менторот/менторите од секое училиште. Тие, при својот избор треба да внимаваат и да им дадат шанса на ученици од различни години.
  • Доколку некој ученик не влезе во листата на ученици-претставници од дадено училиште, а смета дека тоа е неоправдано, може лично да се пријави на горенаведената адреса за учество на натпреварот со покривање на трошоците (1500 денари). Овие ученици ќе ги имаат истите права при натамошната квалификација за државен натпревар. Учесниците кои се пријавени (или ќе се пријават на natprevarATcs.org.mk) за приватно учество најдоцна до 28.02. треба да извршат уплата преку пополнета уплатница со податоци како стандардната уплатница за членство во ЗИМ со следните измени: цел на дознака: Учество на регионален натпревар 2017 - износ: 1500 денари

 

Листа на училишта со дополнителни места според минатогодишните резултати

 

Училиште Град Дополнителни места (b=)
ПСУ „Јахја Кемал“ - Автокоманда Скопје 6
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово 4
ПСУ „Јахја Кемал“ - Бутел Скопје 6
СУГС Гимназија „Раде Јовчевски - Корчагин“ Скопје 2
СУГС „Георги Димитров“ Скопје 1
СОУ „Јане Сандански“ Струмица 1
СОУ „Славчо Стојменски“ Штип 1
СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола 1
СУГС „Орце Николов“ Скопје 3
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп 2
ПСУ „Американска Гимназија Нова“ Скопје 1
ССОУ „Коле Неделковски“ Велес 1
ПСУ „Јахја Кемал“ Струга 2
ПСУ „Јахја Кемал“ - Карпош Скопје 2
ПСУ „Петта приватна гимназија“ Скопје 1
ПСУ „Јахја Кемал“ Струмица 2
СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино 1
ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ Скопје 1
ООУ „Кочо Рацин“ Куманово 2
ОУ „Гоце Делчев“ Битола 1
ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово 1
ООУ „Христијан Карпош“ Куманово 1
ООУ „Браќа Миладиновци“ Куманово 1
Семос Едукација Скопје 2

 

© 2009-2017 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.