swMenuFree

XVI Македонска Олимпијада по Информатика, 11-13.05.2012

Натпреварот ќе се одржи во просториите на ООУ „Никола Карев“, Радовиш

Локален коорганизатор ЛК - Радовиш

Покровители на настанот: Градоначалник и Совет на општина Радовиш

 

Поканети учесници на Македонска Олимпијада 2012

 

После државниот натпревар, а пред македонската олимпијада

Пред крај сме на уште еден циклус на натпревари по информатика.
Државниот натпревар претставуваше натпревар за одмерување на силите на најдобрите информатичари - програмери во Македонија од средните училишта. На сите учесници кои постигнаа добри резултати на државниот натпревар по информатика им честитаме на успехот.

Олимпијадата по информатика претставува врвен натпревар на кој се избираат екипите за претставување на Република Македонија на меѓународните натпревари. Задачите се значително потешки и треба да го отсликаат вашето севкупно подготвување. За добар резултат е потребно големо познавање на специфични алгоритми од различни области, лесно и брзо откривање на проблемот и соодветниот алгоритам за него, согледување на можните гранични случаи и евентуални прилагодувања и подобрувања на основниот алгоритам и нормално - брзо кодирање.
 

Ви посакуваме успех на натпреварот!

Миле Јованов,
Комисија за натпревари 2012

 

Агенда за Македонска Олимпијада по Информатика 2012

Резултати од Македонска Олимпијада по Информатика 2012

 

© 2009-2017 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.