swMenuFree

Државен натпревар

XXXII Државен натпревар по информатика, 20 - 21.03.2021

Заради ковид пандемијата и запазување на протоколите, државниот натпревар по информатика се одржа без церемониите за свечено отворање, доделување дипломи и сите останати пропратни активности, на ден 20.03 (сабота). Се очекуваше учениците од основно образование да дојдат пред влезот на просториите на Семос едукација во Скопје, а учениците од средно образование пред влезот на просториите на ФИНКИ на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, во 11:40 часот. Заради запазување на протоколите, влегувањето во зградата на факултетот и во просторот на Семос едукација беше дозволен само после измерена температура на секој од учесниците и менторите. По мерењето на температурата, учениците требаше директно да се упатат во просторијата за натпреварување во која се распределени, на соодветната позиција според објавениот распоред. Внимавајте, заради протоколите, централните скали во ТМФ во периодот пред почетокот на натпреварот се користат само во едната насока (од приземје кон првиот спрат), така што, упатете се нагоре единствено ако треба да бидете во една од горните простории. Натпреварувачите, за целото време дури се во просторот на факултетот и Семос едукација мораа да одржуваат растојание од најмалку 1,5 метри од други лица.
Натпреварот траеше 150 минути, а потоа учениците требаше да ги напуштат просториите и да се упатат дома. Целата понатамошна комуникација (резултати, приговори и доделување дипломи) се одвиваше електронски, како што беше и за регионалниот натпревар.

 Линк за онлајн свеченост (недела, 21.03 во 19:00 часот)


Листа на поканети учесници на Државниот натпревар 2021

Конечни резултати од Државниот натпревар 2021

 

© 2009-2021 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.