swMenuFree

Апликативни вештини

Информациите околу одржувањето на натпреварите се објавени тука.

Резултати од регионалниот натпревар

Квалификувани за учество на државниот натпревар ќе бидат сите ученици кои ќе имаат освоено диплома за прва, втора или трета награда на регионалниот натпревар.

Презентација на проектите треба да подготват учениците со освоена прва награда.

 

Поддржувач на натпреварот: Семос едукација

 

Агенда на натпреварот

Резултати од натпреварот


 

 

Правилник за спроведување на натпревар по информатика - апликативни вештини

Натпреварот се спроведува на општинско/регионално и државно ниво.

Секое училиште има право да квалификува еден натпреварувач за учество во секое од двете одделенија (VI и VII), со испраќање на квалификациска задача. Согласно со изборот на комисијата за оценка на испратените задачи ќе бидат поканети дел од пријавените натпреварувачи.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА НАТПРЕВАРОТ

  • Афирмирање на информатичката култура кај младите
  • Поттикнување на младите за истражување во областа на софтверот
  • Размена и стекнување на нови знаења и вештини
  • Другарување преку натпреварувачки дух
  • Стекнување на нови едукативни хоризонти
  • Поттик за запознавање со сржта на информатиката - програмирањето

ТЕМАТCКИ ЦЕЛИНИ

1.Наставни области што се изучуваат во VI одделение:

  • Основи на информатиката
  • Компјутери
  • Мултимедија
  • Интернет
  • Основи на цртање
  • Обработка на текст

2.Наставни области што се изучуваат во VII одделение:

  • Веб дневници
  • Обработка на текст
  • Програма за мултимедијални презентации
  • Табеларни пресметувања
  • Изработка на проекти

Забелешка: За обемот и потребното ниво на знаење менторите да ја разгледаат Наставната програма по информатика за VI и VII одделение.

СОДРЖИНА НА НАТПРЕВАРИТЕ

Општински и регионален натпревар

Биди креативен!

1.1 Задачата се изработува од учениците - учесници на натпреварот. Поради специфичноста на информатиката и нејзините големи креативни можности, секој натпреварувач има можност да изработи домашна задача со цел да ги прикаже своите знаења и способности од областа на информатиката.

1.2 Домашната задача за VI и VII одделение треба да се изработи во кој било софтвер и да се испрати на објавената електронскa адресa од страна на менторот. Ментор може да испраќа задачи согласно со ограничувањата за број на учесници по училиште.

Домашната задача треба да се испрати во предвидениот рок со следниве наведени информации: име и презиме, училиште, одделение, користен софтвер.

1.3 По извршеното оценување, во рамки на предвидениот рок се објавува ранг листа на учениците учесници на натпреварот, по одделенија и листа на поканети учесници за следното ниво на натпреварување.

Учесниците со најдобро оценети задачи се известуваат да се подготват за презенатација на државниот натпревар. Тогаш се објавуваат и точно освоените поени за секоја од задачите.

Државен натпревар

1. Биди креативен и добар презентер!

1.1 Според оценките од општинскиот и регионален натпревар, се доделуваат помеѓу 1 и 25 поени на сите учесници на натпреварот

1.2 Се спроведува јавна презентација на најдобро оценетите задачи од страна на учениците и тие ученици добиваат можност за освојување на дополнителни 1 до 5 поени, во зависност од оценката на комисијата.

Овој дел носи до 30 поени.

2. Решавање тест

2.1 Создавање на тестот (конфигурација на тестот).

Тестот ќе содржи 10-20 прашања од предметот информатика за VI и VII одделение .
Секој ментор има обврска да подготви 5 прашања од областа на информатиката опфатени во Новиот наставен план според наставната програма за VI одделение и 5 прашања од областа на информатиката опфатена во наставната програма за VII одделение.
Менторите се должни прашањата да ги испратат најдоцна до утврдениот рок преку електронска пошта на објавената е-адреса.

Од испратените прашања и дополнително подготвените прашања од членовите на Комисијата ќе бидат избрани по 10 до 20 прашања од VI одделение и 10 до 20 прашања од VII одделение, ќе се направи тест за сите учесници од соодветното одделение.

2.2 Тестирање

Секој ученик добива тест од најмногу 20 прашања. Тестовите ќе бидат со исти прашања за натпреварувачите од VI односно VII одделение.

Времетраењето за решавање е 25 до 45 минути.

Овој дел носи 40 поени.

3. Работа на компјутер

Учениците изработуваат наменска задача на компјутер која ќе им ја зададе Комисијата.
Комисијата ја осмислува задачата непосредно пред натпреварот со строго придржување на Наставната програма за VI и VII одделение. Комисијата формира и критериум за оценување (број на бодови за секој дел од задачата).

Оценувањето на изработената задача ќе биде индивидуално за секој натпреварувач. Членот на комисијата може да одлучи да даде помалку или повеќе бодови за секој дел од задачата во рамките на претходно утвредената скала со критериумот.

Задачата се изработува 35-60 минути.

Овој дел носи 30 поени.

 

РАНГИРАЊЕ

Рангирањето на учениците се прави по одделенија и според утврдените ранг листи се доделуваат соодветни награди и признанија.

 

ПРИМЕРИ ЗА ТЕСТОВИ И ЗАДАЧИ ОД ПОРАНЕШНИ НАТПРЕВАРИ

Пример - Тест за VII одд. од Државниот натпревар за основно образование (Апликативни вештини) 2012

Пример - Тест за VI одд. од Државниот натпревар за основно образование (Апликативни вештини) 2012

Пример - Задачи од делот „Работа на компјутер“ за VII одд. од Државниот натпревар за основно образование (Апликативни вештини) 2012

Пример - Задачи од делот „Работа на компјутер“ за VI одд. од Државниот натпревар за основно образование (Апликативни вештини) 2012

© 2009-2017 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.