swMenuFree

Основно образование

ЦЕЛ И ИЗГЛЕД НА НАТПРЕВАРОТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Здружението на информатичарите на Македонија единаесетта година по ред организира натпревари по информатика за учениците од основното образование. Целта на досегашните циклуси на натпревари беше да се заинтересираат што поголем број на ученици за информатиката како наука. Започнувајќи од натпревари во апликативни вештини, овие натпревари полека прераснаа во натпревари во програмирање и алгоритамски вештини, што всушност ја претставува сржта на информатиката.

Оваа година учениците од основното образование се натпреваруваат на натпреварите кои што се организираат за учениците од средното образование. На тој начин на сите нив им е овозможено да влезат во тимовите за интернационалните натпревари. Македонските натпревари се организираат според правилата на интернационалните натпревари. Сите информации за овие натпревари се објавени во делот за натпреварите за средно образование.

За учениците од VI и VII одделение се организира натпревар со содржини кои се застапени исклучиво во Наставната програма за VI и VII одделение во две нивоа: општинско/регионално ниво - изработка на домашна задача во некоја од изучените апликации и нејзино оценување, и државно ниво - натпревар со спроведување на тестирање и изработка на задачи. 

Натпреварите се одржуваат според правилникот за натпревари усвоен од државната комисија за акредитација.

 

ЗНАЧАЈНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ЗА АПЛИКАТИВНИ ВЕШТИНИ во 2017

Општинскиот/регионален натпревар се одржува во втората половина на април до почетокот на мај.

  • Според правилникот, наставникот спроведува процедура за избор на најдобра изработка на училишно ниво. Од едно училиште може да се избере по најмногу една изработка во секое од двете одделенија (една од VI и една од VII).
  • Изработката ја доставува до контакт лицето од Комисијата за натпреварот (детали подолу) најдоцна до 03.05.2017 со е-порака.
  • Во рок од најмногу 7 работни дена се објавува ранг листа на пријавените кандидати оценети според доставените изработки и се објавува листа на учесници на државниот натпревар.
  • Наставниците на избраните учесници со е-порака го потврдуваат присуството на Државниот натпревар.

Државниот натпревар се одржува во периодот 15-27.05.2017 во Скопје во просториите на Семос едукација.

 

Годинава изработките и прашањата се доставуваат до следните контакти (задолжително и на двете адреси)

Јане Србаков ( Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , 078277727) и

Гоце Димески, (godisoft1@gmail.com, 075806797).

Дополнителни информации тука.

Наставниците по информатика од основните училишта треба да одберат ученици што добро ја владеат информатиката и тие ќе имаат можност да изработат задача која ќе одлучи дали ќе влезат во квалификација за Државниот натпревар.

За учество во олимписката група наставниците треба да ги запознаат учениците со системот за натпревари МЕНДО, преку кој треба редовно да испраќаат решенија на поставените задачи почнувајќи од крајот на февруари.

Натпреварот е во организација на  Здружение на информатичари на Македонија.

За учество на натпреварот можете да се обратите на тел:

071 288 298 кај проф. Горица Ѓоргиева,

или на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .


Организациски одбор

Миле Јованов - претседател на ЗИМ
Горица Ѓоргиева - проф. во ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци
Маја Ржарова –проф. во ООУ “Блаже Конески”, Велес
Емил Станков - член на ИО на ЗИМ
Славица Карбева- проф. во "ООУ Петре Поп Арсов", Чашка
© 2009-2017 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.